Коњановски: Битола мора да биде место каде секој човек е прифатен и вреднуван

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со лица со атипичен развој и со граѓани од социјално загрозени категории, на која, како што изјави, се водела искрена и отворена дискусија за нивните секојдневни предизвици

-Остваривме значајна средба со лица кои се со голема душа, срце и отворена мисла. Ги слушнав нивните приказни, проблеми и предлози за тоа како да се подобрат условите за нивно непречено функционирање, истакна Коњановски.

Тој додаде дека само преку директна комуникација може да се создадат вистински решенија кои ќе одговорат на потребите на сите граѓани.

-Како градоначалник, но пред сè и како човек, останувам посветен на тоа Битола да биде град во кој секој човек ќе се чувствува прифатен, поддржан и вреднуван, порача Коњановски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...