Религиозните луѓе се посреќни од другите. До ваков заклучок дошле британските истражувачи, а податоци се објавени во годишниот извештај на “Евалуација на благосостојба” на населението, кој се фокусира на степен на “емоционално задоволство” кај Британците.
Ова е петта година по ред како се спроведуваат анкети во кои испитаниците ја оценувате среќата и други аспекти од животот на скала од 0 до 10 поени.
Во извештајот се посочува дека Британците кои не се религиозни се помалку среќни, помалку задоволни со своите животи и нивното ниво на самодоверба е пониско од она на верниците, но тие се помалку склони кон анксиозност.
Просечната оценка на задоволство кај Британците од својот живот е 7,53 поени од скалата до 10 поени.
Што се однесува до верниците Британците, кај нив нивото на среќа е над просекот. Христијаните се најмногу задоволни (7,47 поени), потоа Евреите со 7.37 поени, па муслиманите – 7.33 поени.
Директорот на групата за истражување, Ник Спенсер, потенцирал дека гледа позитивна врска меѓу религиозноста и задоволство од животот во целина, и тоа не е поврзано со вистината на една или друга религија, затоа што тоа е дејството на самата вера.

