Почетна Вести СПЦ ја поздрави средбата Франциск-Кирил
СПЦ ја поздрави средбата Франциск-Кирил

СПЦ ја поздрави средбата Франциск-Кирил

170
0

Српската православна црква ги поддржува напорите на Поглаварите на Руската православна црква и на Римокатоличката црква со дијалог и соработка да одговорат на трагичните настани пред кои се наоѓа целото Христијанство.

Портпаролот на СПЦ, епископот Бачки Иринеј ја поздравил најавената средба меѓу Папата Франциск и Патријархот Кирил закажана за утре во Хавана, Куба.Иринеј очекува оваа средба да биде поттик на дијалогот за мир во христијанските цркви и во другите делови на светот.

-СПЦ изразува надеж дека претстојните разговори ќе бидат поттик на миротворниот дијалог и во другите делови во светот, но и во нашиот регион, каде православните Срби со векови живеат со соседите и браќата римокатолици, изјавил Иринеј

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *