Светот очекува од христијаните заедничко сведочење дека католиците и лутераните заедно раководат со словото Божјо. Оваа порака папата Франциск, ја испрати од Лутеранската Катедрала во Лунд, Шведска, по повод заеднички екуменски молитва.
Овој настан е еден од најважните моменти на 17-ти пасторална посета на папата Франциск, кој во Шведска замина за екуменското одбележувањето на 500-годишнината од реформите на Лутеранската црква.
Папата на аеродромот во Малме, имал и приватна средба со шведскиот премиер. Доаѓајќи подоцна во Лунд, Папата се сретнал и со шведското кралско семејство, а потоа во катедралата Лутеранска, каде што се одржа заедничка екуменска молитва.
Во својата проповед Папата изјавил дека поделбата е голем извор на страдањата, но тоа, исто така, помогна да се сфати дека без Господ “не можеме да направиме ништо.”
-Католиците и лутераните, почнавме заедно да чекориме по патот на помирување. Ние не може да се предадеме на поделбата и оддалеченоста која што предизвика поделба меѓу нас. Имаме можност да го поправиме клучниот момент во нашата историја, надминувајќи ги различните мислења и спорови кои често не спречуваа во меѓусебното разбирање, изјавил Папата Франциск.

