И Христијаните извикуваат „Аллаху Акбер“

Date:

Share post:

Многумина кога ќе слушнат „Аллаху Акбар“, по дефиниција сметаат дека тоа е повик карактеристичен за радикални фундаменталисти. Терминот во последно време е особено „омразен“  меѓу Европјаните, кој изминатава година живеат во стравот од тероризам, особено по нападите во кои загинаа стотина луѓе.

Факт е дека радикалните фундаменталисти најчесто извикуваат „Аллаху Акбер“ и терминот најчесто се слуша од нив, но „Аллаху Акбер“ воопшто не е никаов повик за џихад, ниту закана за некого, а уште помалку исламистички и фундаменталистички израз, ниту пак е некаква ексклузивна карактеристика и припадност само на исламот. Форсирањето на овој термин од фундаменталистите всушност е негова класична злоупотреба.

Да! „Аллаху Акбер“ извикуваат и Христијаните и тоа е почит кон Севишниот.

„Аллаху Акбер“, е израз од арапскиот јазик, кој значи „Голем е Господ“. Во едно интервју за руските медиуми, дадено непосредно по нападите во Париз, минатата година, Архиепископот Теодосиј, кој е во состав на Ерусалимската Патријаршија и е единствен Владика во Палестина, објаснува дека „Аллаху Акбер“ колку е муслимански, толку е и христијански израз, кој го користат и Христијаните.

-Ние, Христијаните, исто така велиме „Аллаху Акбар“. Тоа е израз на нашето сфаќање дека Создателот е велик. Не сакаме оваа фраза да се поврзува со тероризам и злосторства, изјавил тогаш единствениот палестински Владика, припадник на Православната Ерусалимска Патријаршија.

Тој во тоа интервју повикува овие зборови да не се поврзуваат со убиствата кои прават фундаменталистите.

-Одбиваме овие зборови да ги асоцираме со масакри и убиства. Ние сме против употребата на оваа фраза во таков контекст. Оние што на тој начин ја употребуваат, ја навредуваат нашата религија и нашите вредности. Сите оние што ги користат овие зборови извршувајќи нерелигиозни, недуховни и нецивилизирани дејствија и наштетуваат на религијата. „Аллаху Акбар“ е израз на верата. Човек не смее да ги употребува овие зборови за цели кои не се поврзани со религијата, ниту пак, за да оправда некакво насилство или терор, вели во интервјуто Владиката Тоедосиј.

Директно прашан дали православните христијани извикуваат „Аллаху Акбар“ во црква, тој одговара отсечно.

-Секако. За нас, зборот Аллах не е исламски збор. Тоа е арапски збор со кого се означува Создателот на светот во којшто живееме. И така, кога велиме Аллах во нашите молитви, ние мислиме на Создателот на овој свет. Во нашите богослужбен јазик, во молитвите, службите, го користиме токму тој збор и други кованици кои звучат муслимански, како на пример Алхамдулиллах, Инша’Аллах, Маша’Аллах и слично. Велиме, слава Му на Аллах во вечни векови, вели православниот епископ.

-На Литургиите доста често може да се слушне овој збор. Многу е погрешно да се мисли дека зборот Аллах се користи само од муслимани. Ние, Христијаните – Арапи си велиме Аллах на арапски, додека се молиме, и на тој начин мислиме и се молиме на Создателот, заклучува палестинскиот владика на Ерусалимската Патријаршија, Теодосиј во интервјуто за руските медиуми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...