ЏАФЕРИ: Да имаме мудрост да ги надминуваме разликите

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во свое лично име и во име на пратениците денеска упати честитка до Исламската верска заедница, до сите муслимански верници и до сите граѓани по повод празникот Курбан Бајрам.

„Празник кој што над се симболизира подавање рака на солидарноста помеѓу луѓето, рака на добрината на оние посреќните кон оние помалку среќните, убавиот збор и човечкото однесување со надеж дека овој благословен ден на Курбан Бајрам ќе не најде сплотени во хармонија, мир и меѓусебно разбирање и ќе ни даде мудрост да ги надминеме разликите во нашето општество кое е изградено врз вредностите на етничкиот, верскиот и културниот диверзитет, со цел земјата да напредува а граѓаните и идните генерации да ги уживаат резултатите од нашиот ангажман“, стои во честитката од Џафери.

Претседателот на Собранието на Република Македонија во честитката им посакува на граѓаните да имаат секогаш среќа, мир и добрина во семејствата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...