Почетна Вера ИВАНОВ: ИВЗ и нејзините верници се нераскинлив дел од македонското општество
ИВАНОВ: ИВЗ и нејзините верници се нераскинлив дел од македонското општество

ИВАНОВ: ИВЗ и нејзините верници се нераскинлив дел од македонското општество

10
0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

Иванов нему, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска верoисповед во Република Македонија им упатува најсрдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан-бајрам.

– Најискрено посакувам празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија споделувајќи љубов со ближните. Како еден од најголемите празници во исламот, Курбан-бајрам ги потенцира човечките доблести – солидарноста и грижливоста, помагањето и дарувањето. Нека и годинашново празнување помине во духот на споделување и давање на сите оние што имаат потреба од материјална поддршка, но и потреба од љубов и внимание. Би сакал токму на овој голем празник уште еднаш да го изразам своето уверување дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму активно ќе придонесуваат за градење почит и разбирање помеѓу различните вери и етникуми во Република Македонија – се вели во честитката на Иванов.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *