Верски календар: 13 Април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Мартин Први.
Тој со црквата Господова управувал од 649 до 656 година. Бил роден во Умбрија. Во 649 година бил избран за папа и го повикал соборот на кој бил осуден монотелитизмот (погрешното учење кое вели дека во Христос е само една волја). На соборот, во исповедувањето на верата и во дваесетте канони било развиено учењето за две волји во Исус Христос, божествената и човечката. Под влијание на кривоверците во 653 година, царот Константин го одвел свети Мартин во Цариград. Поради големите измачувања тој умрел во 656 година. Свети Мартин го прославува и Католичката и православната црква.