Ципрас ја трга црквата од државата – свештениците нема да бидат државни службеници

Date:

Share post:

Грчката Влада и Грчката православна црква вчера постигнаа условен договор околу 10.000 свештеници и помошен персонал да се отстранат од платниот список на Владата, со што се отвора патот кон јасна поделба помеѓу црквата и државата. Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и архиепископот Јеронимос. Договорот предвидува државата да исплаќа субвенции на посебен црковен фонд за исплата на плати за свештениците.

Со договорот опфатено е и решение за повеќедеценискиот спор околу имотот на грчката држава и Грчката православна црква, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.

Според досегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат директно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците се издвојуваат околу 200 милиони евра годишно.

Договорот постигнат помеѓу Ципрас и архиепископот Јеронимос треба да биде усвоен на седница на Влада, во Парламентот и од страна на црквата.

Здружението на грчки свештеници веќе најави дека ќе се спротистави на секој обид за укинување на статусот државни службеници.

Грчката православна црква со векови има водечка улога во државата, а според Устав, православието е официјална религија во Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...