Почетна Вести Европа Патријарх Вартоломеј: Вие зборувате за раскол, ние зборуваме за љубов
Патријарх Вартоломеј: Вие зборувате за раскол, ние зборуваме за љубов

Патријарх Вартоломеј: Вие зборувате за раскол, ние зборуваме за љубов

235
3

Продолжува несогласувањето помеѓу Вселенската Патријаршија и Руската Православна Црква, додека Патријархот Вартоломеј наведува дека во Москва „зборуваат за раскол, ние за љубов“, по однос на автокефалноста на Украинската Црква.

„Мајката Црква делувала со љубов низ вековите и со оваа љубов се труди и сега да го реши црковниот проблем на Украина. Во моментот кога нашите браќа од север ни зборуваат за шизма, ние говориме за љубов!“, рече Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Тој потсети на зборовите на римскиот епископ Климент до Коринтјаните: „Во љубовта неама насилие, нема гордост, љубовта не дозволува раскол, не се тетерави, љубовта сè прави со еднодушност. Сите избраници Божји преку љубовта стигнаа до совршенство. Без љубов, ништо не му е угодно на Бога“.

Повод за наведувањето на Вартоломеј околу напорите кои ги прави Светата Велика Христова Црква на Константинопол за решението на црковниот проблем во Украина и за исцелување на шизмите кои со децении го искушуваат единството на помесната Црква, беше осврт на зборовите на Митрополитот на Неа Крини и Каламарја Јустин, кој ја изрази својата поддршка по однос на канонските дејствувања на Мајката Црква за решението на ова прашање.

„Споменавте, со смелост“ – забележа Патријархот, обраќајќи му се на Митрополитот на Неа Крини и Каламарја – „и за актуелниот проблем во Украина, кој стана повод за судир со сестринската Руската Црква, на која ѝ е тешко да разбере дека како што Вселенската Патријаршија осамостои толку и толку народи на Балканот – што ја ослабе и самата Патријаршија, но го призна нивното право за внатрешно самоуправување, црковна независност, автокефалност, и ги издаде Патријаршиските и Синодски Томоси за создавањето на овие помесни, автокефални Цркви – така и Москва треба да прифати дека и украинскиот народ, кој на неправославен начин дојде во нивна јурисдикција, или попрецизно надлежност за неколку векови, овој, скоро педесет милионски народ има право на црковна независност, автокефалност, и Мајката Црква со љубов посака да го излечи расколот, кој се создаде таму, не по своја вина, туку поради вина на другите, и да ги врати украинските Православни наши браќа во каноничност и во општење со сите Свети Православни Цркви“.

Претходно, Митрополитот Јустин, пастирот на една од Епархиите на Вселенскиот престол во северна Грција, наречени „Новите земји“, истакна дека деновите што ги минуваме, црковно, „се кризни денови, но и восхитувачки“.

„Уште еднаш, Мајката Црква – Вселенската патријаршија и Вселенскиот Патријарх, се повикани не своеволно, туку да дејствуваат согласно Светите Канони, кои од светите Отци биле востановени на Вселенските Собори. Сакаме да знаете дека ние, смирените и недостојни ваши слуги, но и ваши духовни чеда, го поддржуваме вашиот голем обид, повторувам, не владеачки и своеволно, туку со употреба на Светите Канони. И се молиме од длабочината на нашето срце, Бог да ви даде сила, трпение и претпазливост, која ја имате, за успешно да заврши сè“.

/превод: Бигорски

Коментар(3)

  1. ‘Мајката Црква’ ВП. низ вековите имаше патријарси еретици, па неко склучуваа унија со Ватикан, но блгодарение на св. Марк Ефески не им успеа. Во однос на давањето на томоси на балканските цркви, таа само им го врати она што беше нивно, а таа со помош на османлиската власт насилно ги стави под своја јурис-дикција. Ако во 2016 го призна митрополитот Онуфриј за законски претставник на УПЦ, како сега наеднаш не е легимитен. и ако еднаш со томос ја отстапила Киевската Митрополија пред 3 века како сега го отповикува томосот, значи пупу не важи она штп го направил неговиот претходник, можеби утре му се кефне мо
    жи да ги вобара назад и Српската и Грчкаата и Бугарската па и Охридската како што милуваат да ја нерекуваат Македонската Православна Црква

  2. Николај, не е така како што ти мислиш. Ако малку подлабоко навлезеш во историјата на Помесните цркви, ќе најдеш дека многу нешта не се така поставени. Имено, точно е дека имало патријарси еретици, но што врска има тоа со татковството на денешниот патријарх Вартоломеј? Мене на пример, доволно ми е да го прочитам овој текст, и ништо друго не мора да знам, па да сфатам дека овој човек постапува со љубов, им го сака доброто на сите православни народи токму кога некои зборуваат за раскол и се обидуваат да создадат уште поголеми проблеми од веќе постоечките. Сакале или не, Вселенската Патријаршија е Мајка Црква и ние немаме тука што да не се согласуваме. Порано ии подоцна ќе мора да си „легнеме на брашното“. А колку порано го направиме тоа, толку побезболно ќе биде за нас. Според тоа, гледам дека овој човек е олицетворение на љубовта Христова, има ревност за Вистината, а тоа нешто ја одржало Црквата дури и во периодот на ересите за кои зборуваш. Затоа, голем поклон пред Вартоломеј, наместо осуди.
    Второ, велиш дека Константинопол им го врати тоа што е нивно. Како тоа нивно? Сега е нивно, ама порано не беше така. Твојот поглед е кусоглед, односно ти црпиш информации од времето на Отоманската Империја, оти велиш дека Султанот ги укина православните Цркви, а потоа Патријаршијата со негова помош насилно ги стави под своја јурисдикција, па после им ги враќаше Томосите на православните. Ти не гледаш како било порано. На пример, ниедна автокефална Црква не била автокефална како тоа што е денес. Дури и самиот Ерусалим бил само епископија до 5 век. Вселенскиот Патријарх, пак, секогаш бил над сите, но во православен контекст – „прв меѓу еднаквите“. Бил единствен кој ја носел титулата „Сесветост“, додека сите други „Блаженејши…“ Тој бил арбитрет, тој бил оној што прави апелација. Така треба да биде и денес, ако сакаме нештата да се движат во вистински правец. Ниедна друга црква не може да додели автокефалност освен Вселенската, тоа, впрочем, го покажува целата историја и сите Вселенски Собори ѝ го даваат тоа право на Константинополската Патријаршија. Ете, на пример, знаеме дека Руската црква се обидуваше да даде автокефалност на Американската, Полската, Чешко-Словачката Црква, но сѐ додека Вселенската Патријаршија тоа не го потврди и признае, автокефалноста не е валидна. Ајде врати се во периодот на Византија, односно пред Отоманската Империја. Тогаш сите православни Цркви на Балканот се изнедрија од територијата на Византија, сите беа на нејзина територија: и Бугарската Црква, која беше прва самостојна Црква на Балканот, и нашата Охридска Архиепископија, и Српската, па дури и Руската. Во тоа време Вселенската Патријаршија беше широкограда, ги отстапуваше териториите. Така и Руската Црква сега треба да постапи. Вселенската Патријаршија им дала право на Русија и Украина да си ги решаваат внатрешните проблеми. И не може сега Вселенскиот Патријарх да ја отповика автокефалијата и да му рече на Русија „пу-пу не важи за автокефалноста на Руската Црква“– тоа никогаш нема да се случи. Ама ете, Украина стана самостојна држава, и има полно право да има и самостојна православна Црква. Тоа што Вселенската Патријаршија сега се вмешува меѓу Москва и Киев, е заради тамошната новонастаната ситуација, новата територија, односно новата Држава, како што, впрочем е и во нашиот случај со Македонската православна црква – Охридска архиепископија. И да, проблемите се продлабочија, ама не заради Украина, туку заради Русија што не сака да отстапи територија и да го следи широкоградиот пример на Вселенската. А кога проблемите не се решаваат, Вселенската Патријаршија е повикана да ги стави нештата во ред, како Мајка Црква на сите Цркви, вклучително и на Руската, која од неа зеде Томос.

  3. Почитувана Ивана, нема многу да коментирам околу Вашиот напис и мојот кусоглед на дејствијата што ги презема ‘Големиот Татко’, Сесветиот Патријарх Вартоломеј, но би Ви препорачал да ги прочитате статиите, ‘Дали може Православието да преживее без Вселенската Патријаршија’, објавена на сајтот https://orthodoxsynaxis.org/2018/10/31/can-orthodoxy-exist-without-ecumenical-patriarchate/ и статијата ‘РОЛЬ ВСЕЛЕНСКОГО ПАТРИАРХАТА В ПЕРИОД КРИЗИСА ПРАВОСЛАВНОЙ ЦЕРКВИ В ЧЕШСКИХ ЗЕМЛЯХ И СЛОВАКИИ’ објавена на порталот Православие.ру напишана од Доктор теологии Якуб Иржи Юкл,
    Член епархиального совета Пражской Православной Епархии под датум 07.11.18, а да не зборувам за сплетакарењето во Естонската Православна Црква или во Сурожската епархија, а што е највважно во врска со признаваето на автокефалноста на новата Украинска Православна Црква, Сесветиот Патријарх објави дека Киевската Митрополија ке ја врати под негова јурисдикција, значи не се работи за автокефалност туку борба за територија, како што и Грчката Православна Црква има проблеми со Цариградската за ‘новите територии’, кои ги подчини под своја јурисдикција, а се наоѓаат во Егејска Македонија, а овој проблем беше една од причините што атинскиот архиепископ Блажениот Ероним не присуствуваше на состанокот во Шамбези 2016.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *