Верниците на Македонската православна црква од Австралија, кои се дел од новата Австралиско-сиднејска епархија, отсега ќе можат сите важи информации за црковниот живот да ги добиваат преку новата интернет страница на епархија. Таа е направена со одлука на епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн и со благослов на надлежниот митрополит г. Тимотеј.
Епархиското собрание донело одлука да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата, велат од епархијата потекнала од потребата на верниците за духовно пресветлување и познавање со верата.
-Црквата од секогаш била современа и актуелна се со цел да биде поблиска и подостапна до народот. Поради тоа таа ги користела современите технички придобивки во своето време, како што во денешно време е интернетот. Сметајки дека учеството на Црквата во социјалните мрежи е од корист на луѓето, а пред се на младите, ЕЦПО на Австралиско – сиднејската епархија отвори своја фејсбук страница, твитер и инстаграм профил и јутуб – канал. Исто така еден од веќе реализираните интернет проекти на овој Одбор е и електронскиот билтен „Преображение“ кој што се издава еднаш неделно. Освен тоа остануваат уште многу пријатни изненадувања за во иднина, кои со Божји благослов, би требало да се реализираат во свое време, велат од австралиско-сиднејската епархија на МПЦ.
Веста за официјалниот почеток на интернет страницата на на Австралиско – сиднејската епархија, www.mpcaus.org , е објавена на големиот празник Благовец.


Некa се мнoжaт убaвите вести oд Австрaлијa. Нo дa прaшaм штo е сo oтецoт Гaврил, штo се случувa сo негo? Oд кoгa Синoдoт нa МПЦ гo принуди дa пoвлече се прoтив Петaр, никoј не гo ни спoмнувa.