Граѓани и верски лидери во Албанија против предлог-законот за родова еднаквост

Date:

Share post:

Пред зградата на албанскиот Парламент во Тирана денеска се одржа протест против предлог-законот за родова еднаквост. Настанот го организираше Албанската коалиција за семејство и живот, а учесниците носеа транспаренти со пораки како „Пратеници, не гласајте против децата“, „Предлог-закон за родова еднаквост – антисемеен“ и „Држете ги рацете подалеку од децата“.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кој е и пратеник, пред почетокот на седницата ја коментираше изјавата на амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, кој повика на усвојување на предлог-законот.

„Му порачувам на амбасадорот на ЕУ: ние целосно ја почитуваме сексуалната ориентација на секого, но не и обидите да се наметнат стандарди за повеќекратна родова припадност, затоа што овој закон е против семејството. Нека им каже на Албанците во која директива на ЕУ се зборува за повеќекратна родова припадност и нека ја објави пред јавноста,“ изјави Бериша.

Против донесувањето на ваков закон претходно се изјасни и Меѓурелигискиот совет на Албанија, составен од петте поголеми верски заедници – муслиманската заедница, автокефалната православна црква, католичката црква, светската бекташка патријаршија и евангелистичкото братство.

Во нивната заедничка декларација, Советот ја нагласи важноста на традиционалното семејство, засновано на двата биолошки пола – маж и жена, оценувајќи дека предложените законски измени се во спротивност со духовните и културните вредности на албанското општество.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img