Почетна Вести ВИДЕО: Владиката Петар пееше „жими крст и кандило“

ВИДЕО: Владиката Петар пееше „жими крст и кандило“

2.47K
3

Преспанско-пелагонискиот владика Петар на микрофон ја пеел патриотската песна „Послушајте патриоти“ за време на денешниот парастос на револуционерот Методија Патчев во прилепското село Кадино, објави порталот „СДК.МК“.

Видео клип на којшто е снимено пеењето на песната е објавен на социјалната мрежа Фејсбук од страна на лица присутни на настанот.

На гробиштата во село Кадино, денеска беа одбележаа 115 години од смртта на револуционерот, а во еден момент владиката на микрофон, а останатите присутни, меѓу кои и членови на здружението „Тодор Александров“ ја испеаја патриотската песна за Караѓуле Охридски.

Заедно го испеаја и рефренот „жими најмило, жими најдраго, жими крст и кандило“.

/СДК.МК

Коментар(3)

  1. Бога да ги прости и да им дарува вечна слава на сите македонски родољубиви револуционери! Заради нивната чесно пролеана крв Бог да ни дарува мир и слобода, светлина во верата и надежта, совршено родољубиво едномислие и смел поглед во нашата, македонска иднина. Дадоа се’ што имаа за слободата во која живееме, со невидена ревност го даваа дури и тоа што го немаа. Денес и ние да се сетиме на нивните херојски подвизи и да ја вгнездиме што потопло во своите срца нашата намачена Татковина, земајќи го нивниот идеал на совршена чесност и самопожртвуваност за христолик пример на вистинска љубов и прекрасно повторување на Мојсеевото сведоштво. Тие не смогнаа да ја видат Ветената Земја, ослободена и самостојна Македонија, во која се населивме (родивме) ние како нивни потомци, ние – луѓето со нов подвиг на родољубие, со ново сведоштво на верата во Вистината, соочени со предизвици на кои веќе знаеме како да одговориме, зашто ги имавме нив за учители и свои незаборавни претходници. Бог да ве осени со Својата благодат вас кои сте денес причесници на свештеното споменување во чест на четата на Методиј Патчев, македонски комити коишто животот си го положија во долговековниот пламен за ослободување на Македонија.

  2. Дедо Петре темата ти е промашена, кога сакаш да пееш барем требало да ја научиш песната за нашиот славен херој Методи Патче. А не да ја пееш песната за Александар Каргуле Охридски.Чудно е како вие “македонски патриот”, може малку генеологија да ни дадете за вас?
    Еве ја песната за Методи Патче да ја научите ако сакате да бидете Македонски патриот.

    Јас Методи Патче од Охрида
    Јас Методи Патче од Охрида
    ослободен од битолски затвор.
    Па си тргнав за Охрида града,
    там’ не најдов ни мајка, ни татко.
    Там’ си најдов верната бисерка,
    верната бисерка, малихерка.

    Па си тргнав за Прилепа града,
    за Прилепа, село Кадиново.
    Там’ си најдов верната дружина,
    верната дружина, договорна.
    Слово држи Методија Патчев:
    напред браќа, борба да водиме.

    Се зададе силната потера,
    силната потера, кавалерија.
    Поарџија сите си куршуми,
    оставија само еден куршум.

    Слово држи Методија Патче:
    ајде браќа да се убиеме.
    Навртија пушки во градите.
    Прв се уби Методија Патче,
    а по него целата дружина.

  3. Ne treba nisto da pee osven crkovni oesni.No,denes se natprevaruvaat popovive da im pokazat na gruevci koj e pogolem vmrovec od niv. Zosto ? Oni si znaat najdobro !

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *