Бискупот Стојанов им ги миеше нозете на 12 католички верници

Date:

Share post:

Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, киро Стојанов, синоќа по Литургијата за Велики Четврток во катедралната црква Пресвето Срце Исусово, ги извршил обредот на миење на нозете на верниците.

Стојанов им ги измил нозете на 12 избрани верници, на кои им подарил леб, кој е симбол на братската љубов, пишува интернет порталот „Католици.мк“.

Миењето на нозете е обред кој што го практикува Католичката црква, како симбол на братска љубов, чин кој од љубов го направил и Исус на последната вечера со своите ученици, и на тој начин им оставил пример за вистинска љубов и служење еден на друг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img