Почетна Вера Католичка црква Бискупот Стојанов им ги миеше нозете на 12 католички верници
Бискупот Стојанов им ги миеше нозете на 12 католички верници

Бискупот Стојанов им ги миеше нозете на 12 католички верници

90
0

Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, киро Стојанов, синоќа по Литургијата за Велики Четврток во катедралната црква Пресвето Срце Исусово, ги извршил обредот на миење на нозете на верниците.

Стојанов им ги измил нозете на 12 избрани верници, на кои им подарил леб, кој е симбол на братската љубов, пишува интернет порталот „Католици.мк“.

Миењето на нозете е обред кој што го практикува Католичката црква, како симбол на братска љубов, чин кој од љубов го направил и Исус на последната вечера со своите ученици, и на тој начин им оставил пример за вистинска љубов и служење еден на друг.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *