Почетна Вера Католичка црква Католиците во Македонија го слават Велики Петок
Католиците во Македонија го слават Велики Петок

Католиците во Македонија го слават Велики Петок

34
0

Верниците на Римокатоличката црква во Македонија, овој викенд ќе го одбележат најголемиот христијански празник, Воскресението Христово –Велигден.

Вчера на Велики Четврток во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, свечена Литургија на Вечерата Господова служеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монсињор Киро Стојанов во сослушение со скопскиот парох дон Давор Топиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов, монс. Антун Циримотиќ, и професорот на КБФ во Сараево о. д-р. Дубравко Туралија.

Литургии ќе има и вечерва на Велики петок, со почеток од 17 часдот и 30 минути, а Светата миса со Воскресно бдение ќе почне на Велика Сабота во 21 часот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *