Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан го покани Бугарскиот Патријарх за 1000 годишнината од Охридската Архиепископија
Архиепископот Стефан го покани Бугарскиот Патријарх за 1000 годишнината од Охридската Архиепископија

Архиепископот Стефан го покани Бугарскиот Патријарх за 1000 годишнината од Охридската Архиепископија

557
0

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г Стефан, официјално го покани бугарскиот патријарх г. Неофит, да учествува во празнувањето на 1000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, објави БГНЕС.

Поканата до бугарскиот патријарх е испратена во писмена форма, потпишана лично од Архиепископот  Стефан.

Во неа се вели дека доколку духовната глава на БПЦ не ќе може да ја посети Република Македонија, за да учествува во празнувањето, тој може да испрати свој претставник на неопходното ниво.

Поканата, испратена од МПЦ-Охридска архиепископија, доаѓа само неколку дена откако бугарскиот патријарх г. Неофит изјави пред БГНЕС на 25 март дека „ако има покана, ќе испратиме“ делегација за чествувањата.

На специјалното заседание на 13-ти март, Светиот Синод на обновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ донесе решение за одбележување на 1000-годишнината од Охридската архиепископија во соборниот храм „Света Софија“ во Охрид на 28-ми мај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *