Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија, завчера во Скопје го организираше традиционалнот свечен собир „Бајрамска бакалава“, кој има за цел на едно место да ги собере претставниците на политичките партии и на дипломатскиот кор, јавува Anadolu Agency (AA).
Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во својот говор пред присутните истакна дека оваа манифестација веќе стана традиција којашто е добра пригода да се соберат сите заедно на едно место.
„Дозволете ми да ви изразам искрена благодарност на овој ден на радоста, во којшто се прославува најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Нема сомневање дека овој наш собир, што ние го нарекуваме ‘Бајрамска баклава’, стана традиција, а веројатно и ќе остане традиција и во иднина. Ова треба да го сметаме како добра можност за, на овој начин, да се сретнеме со различни субјекти, без разлика дали се религиозни, културни, научни, политички или од дипломатскиот кор кои се тука во нашата Република“, рече Реџепи
Честитајќи им го Рамазан Бајрам на припадниците од исламска вероисповед, Реџепи им посака радост, благосостојба, здравје и среќа на присутните и нивните семејства.
На манифестацијата „Бајрамска баклава“ што традиционално се организира од страна на ИВЗ, беше присутен претседателот на Владата Зоран Заев, високи државни претставници, како и дел од дипломатскиот кор.
/А.А.















