Архиепископот г.г Стефан и епископот хераклејски г. Климент, секретар на Светиот архиерејски Синод на МПЦ, учествувале на меѓународниот симпозиум за црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска, кој се одржал во Констанца, Романија од 12 до 14 септември.
Архиепископот Стефан го отворил симпозиумот со воведното излагање во кое зборувал на темата за „Автокефалноста во Православната Црква и непризнавањето на Македонската Православна Црква“.
Поглаварот на МПЦ-Оа, зборувал за историските и современи случувања во однос на прашањето за автокефалноста во Православната Црква, посветувајќи посебно внимание на актуелната состојба на православието и неприфаќањето на постоењето на Македонската Православна Црква.
На овом меѓународен сумпозиум учествувале теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји.
Меѓународниот научен симпозиум беше организиран од Универзитетот Овидиус од Констанца, Романија, заедно со Романската академија на науките, Грузиската академија на науките, Универзитетот од Катовице – Полска, а со значителна поддршка од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје преку учеството на професори од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, проф. д-р Јован Белчовски, проф. д-р Дејан Борисов, асс. м-р Виктор Недески, Филозофскиот факултет (проф. д-р Бобан Петровски) и Институтот за национална историја, проф. д-р Драган Зајковски.
За одржувањето на овој симпозиум известуваат медиумите во Романија, а пренесуваат и изјава на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан.