Албанската православна црква избра двајца нови митрополити за епархиите во Корча и во Ѓирокастро.
На седницата на 16 септември 2025 година, светиот синод на Православната црква на Албанија, За Митрополит на Ѓирокастро е избран досегашниот Митрополит на Амантија, Натанаил Стергиу. За Митрополит на Корча е избран досегашниот Епископ на Круја, Анастасиј Мамаи, кој претходно беше Протосингел на Архиепископијата на Тирана.
Интронизацијата на новиот Митрополит на Ѓирокастро ќе биде в сабота, 20 септември 2025, во Катедралната црква „Воскресение Христово“ во Ѓирокастро. Интронизацијата на новиот Митрополит на Корча е закажана за недела, 27 септември 2025, во Катедралната црква „Воскресение Христово“ во Корча.
Новиот Митрополит на Ѓирокастро, Натанаил е роден во Таксиархис (Тракалион) Грција во 1957 година. Средно образование завршил во школото „Атонијада“ на Света Гора (1978) и потоа теолошките студии на Универзитетот Аристотел, Солун (1982). Станал монах во големата Лавра на Света Гора (1979). Од 1991 до 2012 служел како парох, духовен отец и проповедник во Митрополијата на Ѓирокастро, и бил професор во црковното училиште „Честниот Крст“ во Ѓирокастро. Во јануари 2012, добил архиерејски чин од покојниот Архиепископ Анастасиј, и бил одговорен за новоизградената Катедрала „Воскресение Христово“ во Тирана.
Митрополитот на Корча, Анастасиј (Мамаи) е роден во Албона, 1979 година. Студирал на одделот по грчки јазик при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Атина (1999), дипломирал на Универзитетот „Исмаил Кемали“ во Албона, и имал магистерски студии по деловна администрација (2001-2005). Потоа учел во Теолошката Академија „Воскресение Христово“ (2017) и на Катедрата за теологија и култура при Универзитетскиот колеџ „LOGOS“, каде добил диплома (BSc) по општествени теолошки студии и верски науки (2023). Од 2005 до 2009 работел на значајни позиции во Итало-Албанска банка, а од 2009 до 2017 имал раководечки улоги во Union Bank. Од 2006 до 2014 бил член на Клерикално-народниот совет на Православната Црква на Албанија и блиски соработник на покојниот Митрополит на Верави, Албона и Канини, г. Игнатиј. Ракоположен е за ѓакон на 22 јануари 2018 од страна на Архиепископот г. Анастасиј, за свештеник на 20 октомври 2019, и добил титулата архимандрит на 9 август 2020.

