Албанската црква избра нови митрополити, еден роден во Грција, другиот во Албанија

Date:

Share post:

Албанската православна црква избра двајца нови митрополити за епархиите во Корча и во Ѓирокастро.

На седницата на 16 септември 2025 година, светиот синод на Православната црква на Албанија, За Митрополит на Ѓирокастро е избран досегашниот Митрополит на Амантија, Натанаил Стергиу. За Митрополит на Корча е избран досегашниот Епископ на Круја, Анастасиј Мамаи, кој претходно беше Протосингел на Архиепископијата на Тирана.

Интронизацијата на новиот Митрополит на Ѓирокастро ќе биде в сабота, 20 септември 2025, во Катедралната црква „Воскресение Христово“ во Ѓирокастро.  Интронизацијата на новиот Митрополит на Корча е закажана за недела, 27 септември 2025, во Катедралната црква „Воскресение Христово“ во Корча.

Новиот Митрополит на Ѓирокастро, Натанаил е роден во Таксиархис (Тракалион) Грција во 1957 година. Средно образование завршил во школото „Атонијада“ на Света Гора (1978) и потоа теолошките студии на Универзитетот Аристотел, Солун (1982). Станал монах во големата Лавра на Света Гора (1979). Од 1991 до 2012 служел како парох, духовен отец и проповедник во Митрополијата на Ѓирокастро, и бил професор во црковното училиште „Честниот Крст“ во Ѓирокастро. Во јануари 2012, добил архиерејски чин од покојниот Архиепископ Анастасиј, и бил одговорен за новоизградената Катедрала „Воскресение Христово“ во Тирана.

Митрополитот на Корча, Анастасиј (Мамаи) е роден во Албона, 1979 година. Студирал на одделот по грчки јазик при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Атина (1999), дипломирал на Универзитетот „Исмаил Кемали“ во Албона, и имал магистерски студии по деловна администрација (2001-2005). Потоа учел во Теолошката Академија „Воскресение Христово“ (2017) и на Катедрата за теологија и култура при Универзитетскиот колеџ „LOGOS“, каде добил диплома (BSc) по општествени теолошки студии и верски науки (2023). Од 2005 до 2009 работел на значајни позиции во Итало-Албанска банка, а од 2009 до 2017 имал раководечки улоги во Union Bank.  Од 2006 до 2014 бил член на Клерикално-народниот совет на Православната Црква на Албанија и блиски соработник на покојниот Митрополит на Верави, Албона и Канини, г. Игнатиј. Ракоположен е за ѓакон на 22 јануари 2018 од страна на Архиепископот г. Анастасиј, за свештеник на 20 октомври 2019, и добил титулата архимандрит на 9 август 2020.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...