Почетна Празници Денеска е Свети Фока
Денеска е Свети Фока

Денеска е Свети Фока

75
0

Верски календар: 05 Октомври

МПЦ-ОА/ Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски

sveti-fokaОд младоста се подвизуваше во сите христијански добродетели. Како епископ во местото на своето раѓање, во градот Синопа на брегот на Црното Море, со пример и со Божествени зборови ги утврди правоверните во верата, а мнозина идолопоклоници ги обрати во вистинитата вера. Закоравените незнабожци се исполнија со гнев кон Свети Фока. Господ му укажа на Фока за неговото маченичко кончание преку едно видение. Имено, тој виде светол гулаб како слетува од небото носејќи во клунот прекрасен венец од цвеќиња и како го спушта врз неговата глава. И чу Фока глас од гулабот: „Твојата чаша се наполни и треба да ја испиеш.“ Од тоа видение Божјиот угодник дозна дека наскоро треба да пострада за Христа. И не се уплаши, туку со благодарност кон Бога се подготвуваше за мачеништвото. Наскоро по ова некој кнез Африкан го подложи Фока на маки, му го испретепа и му го изнарани телото, го остави во затвор, а потоа го фрли во зовриена вода, во којашто храбриот Христов маченик го заврши земниот живот и се пресели во радоста на својот Господ. Пострада во времето на царот Трајан.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *