ФРАНЦИСК: Мигрантите не се опасни, тие се во опасност

Date:

Share post:

papa slika 1Папата Франциск вчера оддржа средба со стотици деца, меѓу кои имаше и нигериско дете мигрант чии родители се удавиле во бродска несреќа, јави Танјуг.

Папата притоа изјави дека мигрантите „не се опасни, туку дека тие се во опасност“, пренесоа британските медиуми.

Средбата беше одржана по најновиот голем бегалски бран во кој од понеделникот од пренатрупаните бродови и чамци се спасени повеќе од 14.000 лица, а забележени се и бројни бродоломи.

Меѓу 45 тела пронајдени во море во петокот биле и три деца, објави италијанскиот огранок на УНИЦЕФ.

На средбата со папата повеќето од децата беа италијански, кои во Ватикан пристигнале со посебен воз од јужна Италија.

Папата повторно предупреди на ситуацијата во која се наоѓаат овие луѓе, особено стотиците илјади луѓе кои се изложиле на животна опасност за да стигнат до Европа во небезбедните чамци.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...