Почетна Вести Денеска е роденден на Владиката Петар. Најстариот Митрополит наполни 70 години
Денеска е роденден на Владиката Петар. Најстариот Митрополит наполни 70 години

Денеска е роденден на Владиката Петар. Најстариот Митрополит наполни 70 години

864
0

petar slika 2Преспанско-пелагонискиот Митрополит г. Петар денеска полни 70 години од животот. Јубилејниот 70 –ти роденден Владиката Петар ќе го одбележи со литургија во Соборниот храм на Преспанско-пелагониската епархија, „Свети Димитрија“ со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Владиката Петар е најстариот актиевн архиереј во Синодот на МПЦ-ОА. Роден е како Јован Каревски на 29 мај 1946 година во Богомила, Велешко, во земјоделско-занаетчиско семејство. Татко му се викал Дане, а мајка му Даница Кареви.

Владиката Петар основно училиште завршува во родното село Богомила.  Во 1961 година се запишал во средно техничко училиште, електро смер, но пред самиот почеток на учебната година, одлучил да полага приемен испит за Богословијата во Призрен, каде бил примен и во 1966 година го завршил средното богословско училиште. Потоа се запишува на Богословскиот факултет во Белград, каде и дипломира.

Од 1 септември 1970 г. поставен е за професор во Македонската Православна Богословија во Драчево, Скопје. Од јануари 1972 г. до септември 1976 година, е првиот секретар на Полошко-кумановската епархија. Ѓаконски чин добива во 1972 година, а во 1976 година станува и свештеник, за почеток како парохиски свештеник и благајник во Соборниот Архиепископски храм “Св. Димитриј” во Скопје.

Владиката Петар е замонашен на 19 јуни 1979 година од тогашниот Архиепископ Доситеј во резиденцијален манастир “Св. Ѓорѓи” во Криви Дол, Скопје. Потоа заминува во Италија, каде се запишува на Грегоријанскиот универзитет во Рим, на духовна теологија.

petar slika 3На 4 април 1981 година, по предлог на Архиепископот Доситеј, избран е за втор Митрополит на Преспанско-битолската епархија. Хиротонисан на Духовден (14.06.1981 г.).

Од септември 1981 година администрира со црковните општини во Европа, а од 1995 и со Австралиската епархија, каде со еден дел од Епархијата и денеска е Администратор.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *