Денеска е св. свештеномаченик Јануариј

Date:

Share post:

Верски календар: 04 мај

МПЦ-ОА/ Св. свештеномаченик Јануариј и други.

Sveti-JanuarijeИсториската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа време Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол. Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа. Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави. Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img