Во Ерусалим се огласила група палестински христијански лидери, теолози и активисти, повикувајќи на праведен мир и изразувајќи недоверба кон неодамнешната Резолуција 2803 на Советот за безбедност на ОН, која ја оценуваат како нецелосна и ограничувачка.
Тие потсетуваат дека и покрај примирјето во Газа од 4 октомври 2023 г., насилството продолжува — не само во Газа, туку и на Западниот Брег и во Либан, каде што Израел ја нападнал бегалската населба Еин ел-Хиље и убилнајмалку 13 лица.
Во својата изјава тие укажале дека Резолуцијата 2803, изгласана на 17 ноември 2025 г., предвидува формирање „Совет за мир“ под водство на претседател на САД, а правото на самоопределување на Палестинците е условеносо „реформи“. Според христијанските лидери од Ерусалим, не може самоопределување да биде условено, особено кога тој процес бил оневозможуван со децении.
Лидерите повикале на враќање кон корените на конфликтот, наместо селективно фокусирање само на почетокот, со настаните од 7 октомври 2023 г.. За нив визијата за мир треба да биде инклузивна, односно да ги признава сите — Палестинци и Израелци — и да гарантира рамноправност, правда и мир. Во таа насока, црквите и верските заедници треба да се трудат да создаваат мостови, а не нови граници и поделби.

