Реформските иницијативи на Германската црква и натаму се соочуваат со отпор во Ватикан. Списанието Communio објави дека Дикастеријата за доктрината на верата не го одобрила германскиот документ за пастирски насоки за благословување еднополови заедници. Префектот на дикастеријата, кардинал Виктор Мануел Фернандес, потврди. дека „ништо не е одобрено“ и потсети дека документот Fiducia Supplicans од 2023 година строго забранува ритуализирање на такви благослови. Во интервју за Crux, папата Лав XIV истакна дека некои северноевропски цркви веќе вовеле ритуални форми на благослови за „луѓе кои се сакаат“, што е „во директнаспротивност“ со документите одобрени од папата Франциск.
Георг Бецинг, претседател на Германската епископска конференција, ги отфрлил тврдењата дека германските епископи постапуваат спротивно на Рим: „Овие обвинувања се едноставно апсурдни.“ Тој истакнал дека документот за благослови бил подготвен во консултација со Ватикан, додавајќи дека благословите не се и не можат да бидат изедначени со светата тајна Брак: „Но начинот на благословување мора да покаже почит кон луѓето кои бараат благослов – кон нивната заедница и нивната вера.“
