Во Молдавија се развива сериозен црковен конфликт меѓу две православни структури — Православна црква на Молдавија (под јурисдикција наРуската православна црква) и Митрополијата на Бесарабија (која е во состав на Романската православна црква). Според извештајот на „AsiaNews“, оваа ситуација покажува сличности со расколот во Украина.
Романската страна прво ги обвинила молдавските структури дека се „руска црква“ во суштина, и дека дел од нив директно се вмешуваат во изборните процеси во земјата. Од друга страна, Молдавската црква возвратила дека е независна и дека ги застапува сите верници во Молдавија без разлика на националноста.
Конфликтот потекнува од историски и канонски прашања: митрополијата на Бесарабија, регистрирана од молдавската влада во 20о2 година, ја оспорува употребата на името „Православна црква на Молдавија“, тврдејќи дека тоа име ја претставува само структурата под Москва, но не може да имплицира дека ги претставува сите православни во Молдавија. Овој спор дополнително се продлабочил во контекст на војната во Украина и засилените односи меѓу Русија и некои црковни структури.
Сега ситуацијата не е само црковна — таа има и геополитички елементи. Поделбите во православниот простор на Молдавија ги рефлектираат поделбите на населението меѓу ориентацијата кон Русија и стремежите кон Европа и западниот свет.

