Зошто побогу?

Date:

Share post:

Во Сремски Карловци, во српската православна богословија „Свети Арсениј“, деновиве имало меѓународна научна конференција, посветена на 230 години од основањето на богословијата

Таму биле гости теолози од повеќе православни цркви, меѓу нив имало и претставници на МПЦ-ОА.

И нормално кога се оди на таква конференција се подготвуваат научни трудови. Така и претставниците на МПЦ-ОА, тројца со три пригодни труда и сите три труда тематски поврзани за тоа колку и каква силна врска имала СПЦ и Македонија. Како на натпревар – кој повеќе знае за српската духовна моќ во Македонија.

Јеромонах Атанасиј Арсоски од Скопска епархија, зборувал на темата за „Духовно-образовните врски на македонските архијереи и свештеници со Српската православна црква“.  Протоѓакон Драган Ѓоргиевски од Преспанско-пелагониската епархија раскажувал за „Битолската богословија ’Свети Јован Богослов’ 1922-1941 (личности, значење и наставни програми)“, српски период. Професорот д-р Виктор Недески од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ должно внимание посветил на темата „Дејноста на Христофор Жефаровиќ во Карловачката митрополија“, единствено  м-р Трајче Јанков, професор во Македонската православна богословијата во Скопје посветил поширок контекст со темата „Религијата во светот на медиумите: предизвици и перспективи“, иако нема детали за што точно зборувал.

Веројатно и на домаќините им било незгодно од толку големата љубов што клирот на МПЦ-ОА ја има кон српската духовна врска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...