СПЦ смисли ново име за МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Српската прагвославна црква ја преименува МПЦ-ОА и наместо „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“, како што ја признава со Томосот од 2022 година, сега ја нарекува „Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“. Таквата формулација ја користи изминативе неколку денови, информирајќи за сослужувањето на поглаварите Стефан и Порфириј во Ниш.

Она што е дополнително симптоматично е што истата формулација ја користат и српските медиуми, кои ја пренесуваа веста за настанот од Ниш.

Религија.мк ја забележа оваа промена во именувањето на МПЦ-ОА уште пред неколку дена, но не реагираше со намаера да види дали станува збор за грешка, или случајност. Но со оглед на тоа дека истата формулација „ОА-МПЦ“ е искористена во сите соопштенија на СПЦ, тогаш сосема јасно е дека станува збор за свесна употреба на овој термин.

Иако многумина ќе забележат дека меѓу „МПЦ-ОА“ и „ОА-МПЦ“ нема разлика, сепак тоа не е така. Станува збор за суштинско преименување на црквата, бидејќи името на црквата во случајот ОА-МПЦ е Охридска Архиепископија, а МПЦ е описен дел на името. Како што во случајот МПЦ-ОА, името е Македонска Православна Црква, а ОА е описен дел на името.

СПЦ откако го издаде Томосот во 2022 година јавно соопшти дека за нејзе прашањето за именувањето на МПЦ-ОА е отворено прашање, како што е напишано и во Томосот, односно прашање на договор со гркојазичните и останатите православни цркви. Иринеј Буловиќ, во писмо соопшти дека СПЦ не ја користи придавката Македонска за МПЦ-ОА и дека кога тоа го прави го прави во наводници.

Српскиот патријарх Порфириј во лутургиите на Големиот вход Архиепископот Стефан го спомнуваше, прво како Архиепископ на Северна Македонија, а потоа само како Охридски Архиепископ, освен на заедничките сослужувања каде го користеше терминот Охридски и Македонски.

Која формулација ја искористил вчера на сослужувањето во Ниш за религија.мк е непознато, бидејќи најавениот ТВ пренос на телевизијата на СПЦ – ТВ Храм, вчера не беше емитуван.

МПЦ-ОА и дел од владиците тврдеа дека со Томосот, СПЦ го признава името МПЦ-ОА, а Томос од Вселенската патријаршија ќе значело бришење на името МПЦ и обезличување на црквата.

Официјалниот сајт на МОЦ-ОА, литургија.мк, пак реши ова да не и го соопштува на јавноста, па во превземените вести од СПЦ, наместо ОА-МПЦ, користи МПЦ-ОА.

2 COMMENTS

  1. Секој кој се обидува да лукавствува околу името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а е православен христијанин или особено ако е клирик, лукавствува многу потешко против себеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...