Во Измир почна православната богословска конференција во организација ан Вселенската патријаршија.
Тоа е втора ваква конференција иницирана и организирана од Вселенcката патријаршија што се одржува во Измир. На нејзе учествуваат теолози од областа на Новиот Завет од Грција, Германија, САД, Романија и Бугарија. На конференцијата учествува и лично Вселенскиот патријарх Вартоломеј, епископи, монаси, свештеници.
Вселенскиот патријарх на почетокот ја истакнал важноста на христијанството за малоазискиот регион уште од I век до сега, иако тоа во последниот век претрпело големи удари.

