Грците оваа година Велигден ќе го слават дома

Date:

Share post:

Оваа година, Велигден е поразличен, нема да го славиме традиционално, туку ќе останеме дома, рече Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен телеконференциски брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Како што се приближуваме до Велигден, сфаќаме дека оваа година е поразлично. Не е како секоја година. Бидејќи оваа година, нема да бидеме во село за Велигден, нема да печеме јагниња во нашите дворови, нема да ги посетиме црквите. Ќе го славиме останувајќи дома и со верба дека ќе успееме. Имаме денови и години да го славиме. Но, ниту еден ден, нема да биде ист во следните години ако поради нашата несериозност изгубиме некоја личност што ја сакаме. Остануваме дома, рече портпаролот на грчката влада во однос на Велигден, што оваа година се слави на 19 април.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на Светиот синод на грчката Православна црква, велигденските литургии да се одржат во црквите, но зад затворени врати, Пецас рече дека постои континуирана комуникација меѓу Владата и ГПЦ конкретното прашање ќе се разгледа во следните денови.

Во однос на ситуацијата со коронавирусот во Грција, портпаролот на грчката Влада рече во овој момент е подобра од повеќе други европски земји и „се развива подобро и од сценариото споменато на почетокот од експертите”.

Пецас истакна дека тоа е поради тоа што многу брзо беа преземени превентивни мерки „кои се чини дека носат резултат”.

Во тој контекст направи споредба на Грција со Белгија и Холандија и развојот на епидемијата во трите земји, како во однос на потврдените, така и во однос на смртните случаи во периодот од 26 февруари 2020 година, заклучно до денеска.

Според графиконите што ги презентираше Пецас на брифингот, Холандија, со 17,18 милиони жители има 10 866 потврдени случаи и 771 жртва, Белгија со 11,04 милиони жители има 10 836 потврдени и 431 смртни случаи, а Грција со 10,8 милиони жители има 1156 позитивни лица на Ковид-19 и 39 жртви.

Пецас рече дека статистиката покажува дека преземените мерки резултираат со подобар тек на Грција.

-И графиконот со жртвите исто така потврдува дека Грција има добар тек, подобар од други европски земји. Но, внимание! Никаква опуштеност! Не треба да го нарушиме она што го постигнавме до сега. Затоа, продолжуваме да инсистираме дека остануваме дома, дека е многу важно е да се придржуваме кон овие, навистина строги мерки што се донесени за да можеме, сите заедно да излеземе од оваа криза, порача Пецас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...