Владиката Пимен во свој стил му одговори на костурскиот митрополит Серафим, кој на протестите за одбрана на Грчка Македонија, изјави дека ако треба „за Македонија и камења ќе јадеме“
Владиката Пимен на ова му порача дека камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде.
-Христијанство пред 20 века:
Христос се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!”
Христијанството денес:
Серафим се исправи на протест и рече: “Ај да ги изедеме камењата, па да нема кој да фрла веќе камења”
П. С. Камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде, напиша отец Пимен на Фејсбук.