Почетна Вести Христијанство Владиката Серафим од Костур: За Македонија ќе јадеме и камења ако треба!
Владиката Серафим од Костур: За Македонија ќе јадеме и камења ако треба!

Владиката Серафим од Костур: За Македонија ќе јадеме и камења ако треба!

235
0

Од протестите за „одбрана на грчкоста на Македонија“ одржани во средата во 24 града во Грција се издвојува обраќањето на митрополитот костурски Серафим, кој на насобраните им порача дека „за Македонија ќе јадеме и камења ако треба“.

„Во 1953 година нобеловецот Јоргос Сеферис се најде во Кипар и таму виде нешто напишано на ѕид, од што беше трогнат. Тој го напиша следново и тоа треба да биде наш слоган: ‘Ја сакаме Грција, па ако треба и камења ќе јадеме’. И – што сакаме? Ја сакаме Македонија, па ако треба да јадеме и камења!“, порача владиката.

„Се собравме денес, драги мои сонародници од Костур, за да им го пренесеме на нашите сопственото сведоштво за Македонија. Македонија е една и секогаш ќе биде грчка. Се собравме во нашиот византиски град, под сенката на нашите византиски цркви и будното око на Каравангелис и на маченикот на македонската борба Павлос Мелас за да повториме вечерва да не ѝ се подари името ‘Македонија’ на соседната држава, која нема ништо со историјата и со културата на ова место“, рече меѓу другото Серафим во својот поздравен говор.

„Значи, Македонија не е маало, па да може сега да има едно име, а по неколку години друго. Македонија е основа на светската култура и затоа Светиот синод нагласи дека никому не му го даваме името ‘Македонија’“, додаде митрополитот костурски.

/expres.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *