Јанко Бачев, кој од неодамна својата партија НДМ ја прекрсти во Единствена Македонија (слоган и лого позајмено од Путин и неговата партија), денеска преку соопштение порача дека кога ќе дојде на власт, ќе ја прочистувам МПЦ од предавници и шпиони.
Бачев, споделувајќи фотографија од средба со Владиката Агатангел, заедно со Стефан Влахов Мицов, кој сега е дел од неговата партија, порачува дека го осудува оградувањето на МПЦ од изјавата на Владиката Агатангел, во која тој на прилично скандалозен начин, повикува на одбрана на името.
-По доаѓањето на легална власт во Македонија која ќе ужива доверба од народот, една од целите на Единствена Македонија е организирање на Црковно-народен собор за прочиствање на највисокиот црковен клир на МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони. Истовремено, Единствена Македонија силно го осудува вчерашното оградување на Светиот синод на Македонската православна црква од ставовите на владиката Агатангел, со што, МПЦ силно ги повреди националните и верските чувства на македонскиот народ, стои во соопштението на партијата на Бачев.

