Почетна Вести Христијанство Јанко Бачев кога ќе дојдел на власт ќе ја прочистувал МПЦ од предавници
Јанко Бачев кога ќе дојдел на власт ќе ја прочистувал МПЦ од предавници

Јанко Бачев кога ќе дојдел на власт ќе ја прочистувал МПЦ од предавници

407
0

Јанко Бачев, кој од неодамна својата партија НДМ ја прекрсти во Единствена Македонија (слоган и лого позајмено од Путин и неговата партија), денеска преку соопштение порача дека кога ќе дојде на власт, ќе ја прочистувам МПЦ од предавници и шпиони.

Бачев, споделувајќи фотографија од средба со Владиката Агатангел, заедно со Стефан Влахов Мицов, кој сега е дел од неговата партија, порачува дека го осудува оградувањето на МПЦ од изјавата на Владиката Агатангел, во која тој на прилично скандалозен начин, повикува на одбрана на името.

-По доаѓањето на легална власт во Македонија која ќе ужива доверба од народот, една од целите на Единствена Македонија е организирање на Црковно-народен собор за прочиствање на највисокиот црковен клир на МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони. Истовремено, Единствена Македонија силно го осудува вчерашното оградување на Светиот синод на Македонската православна црква од ставовите на владиката Агатангел, со што, МПЦ силно ги повреди националните и верските чувства на македонскиот народ, стои во соопштението на партијата на Бачев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *