Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го реорганизира исламот во Франција за подобро интегрирање на верувањето, борбата против фундаментализмот и зачувувањето на „националната кохезија“.
„Работиме на структурирањето на исламот во Франција, и на начинот како да го објасниме, што е исклучително важно“, изјави Макрон во неделата во интервјуто за Журнал ду диманш.
„Мојата цел е да се открие што лежи во срцето на ‘лаисите’ (францускиот концепт за секуларизам), да ја имаш можноста да веруваш како и да не веруваш, со цел да се зачува националната кохезија и можноста да се има слободна свест“,рече францускиот лидер одбивајќи да открие дополнителни детали од планот за реформи. „Нема да го откријам предлогот се додека работата не е завршена“, рече тој, пренесе Политико.
/МКД.МК

