Почетна Вести Европа Емануел Макрон ќе предложи реорганизација на исламот во Франција
Емануел Макрон ќе предложи реорганизација на исламот во Франција

Емануел Макрон ќе предложи реорганизација на исламот во Франција

55
0

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го реорганизира исламот во Франција за подобро интегрирање на верувањето, борбата против фундаментализмот и зачувувањето на „националната кохезија“.

„Работиме на структурирањето на исламот во Франција, и на начинот како да го објасниме, што е исклучително важно“, изјави Макрон во неделата во интервјуто за Журнал ду диманш.

„Мојата цел е да се открие што лежи во срцето на ‘лаисите’ (францускиот концепт за секуларизам), да ја имаш можноста да веруваш како и да не веруваш, со цел да се зачува националната кохезија и можноста да се има слободна свест“,рече францускиот лидер одбивајќи да открие дополнителни детали од планот за реформи. „Нема да го откријам предлогот се додека работата не е завршена“, рече тој, пренесе Политико.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *