Почетна Вести Европа Клучен потег против радикализацијата на муслиманите? Саудиска Арабија повеќе нема да ја контролира најголемата џамија во Брисел
Клучен потег против радикализацијата на муслиманите? Саудиска Арабија повеќе нема да ја контролира најголемата џамија во Брисел

Клучен потег против радикализацијата на муслиманите? Саудиска Арабија повеќе нема да ја контролира најголемата џамија во Брисел

141
0

После повеќе децении, белгиските власти одлучија да ја вратат контролата над Големата џамија во Брисел која што досега беше под контрола на Саудиска Арабија.

Саудиските власти се согласија (или беа приморани) да ја предадат контролата над најголемата џамија во Брисел и воопшто во Белгија, очигледно настојувајќи со тоа да се оддалечи од репутацијата на глобален извозник на ултра-конзервативниот вид на Исламот.

Имено, белгиските власти ѝ ја изнајмиле Големата џамија во Брисел на Саудиска Арабија уште во 1969-та година, што значи дека уште од тогаш, про-саудиските клерици имаат пристап до растечката муслиманска заедница во Белгија.

Во замена за тоа, Белгијците се согласиле да добиваат поевтина нафта за својата индустрија од Саудиска Арабија, па неколку децении подоцна токму муслиманите радикализирани во Белгија беа одговорни за бројни терористички напади во земјата и Западна Европа.

Сега, белгиските власти сакаат да ги прекинат односите на Големата џамијаво Брисел со Ријад, со оглед на тоа што сфатија дека постои конекција помеѓу саудиското управување со верскиот објект и се поголемата радикализација на белгиските муслимани.

Саудиска Арабија од друга страна, се согласи да ѝ ја предаде контролата над џамијата назад на Белгија, иако одредени извори тврдат дека властите од Ријад и немале преголем избор затоа што очигледно ова е прашање кое што е од голема важност пред се за националната безбедност на Белгија.

Секако, како еден од поводите за ваквиот потег се наведува големиот терористички напад во Брисел во 2016-та година кога радикални исламисти убија 32 лица, а одговорните за најголемиот терористички напад во Париз кога беа убиени над 100 лица, исто така беа со белгиски муслимани.

/точка

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *