Министерството за труд предупредува: Во градинките забрането верско организирање

Date:

Share post:

Министерството за труд и социјална политика испратило допис до Јавните установи за деца-детски градинки во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата.

-Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна. При тоа, Министерството ги извести Јавните установи за деца-детски градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), истото преставува прекршок за кој е предвидена глоба и кој гласи:

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“, стои во соопштението од министерството.

1 COMMENT

  1. Вистинска злоупотреба е всушност забраната за децата од сите возрасти да добијат изворно знаење за Бога во градинка и на училиште преку едноставната православна веронаука и креативните и инетрпретативни уметности поврзани со неа. Таа забрана е вградена во македонските закони, со усрдно залагање на современите наследници на некогашните комунисти (барем да им беа достојни наследници, ќе имаше некоја смисла). Значи, Министерството за образование само ја допотврди својата духовна деозриентираност и состојбата на аксиолошко-етичка кома во коај структурите на власт се обидуваат да го втурнат целото македонско општество.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...