Рускиот теолог Кураев: Глупо е да им кажувате на други народи како да се нарекуваат
2.91K
0
Рускиот теолог и влијателен активен блогер, Андреј Кураев ги оцени како ретроградни и полни со бес националистички изјавите на грчките владици во поглед на прашањето за името на Македонија. Кураев, споделувајќи ги на својот блог изјавите од грчките владици пишува дека грчките владици се уште не знаат дека Константинопол веќе одамна е паднат.
-Навистина е глупаво да им кажувате на другите народи како да се нарекуваат себеси. На крајот, грчката верзија на историјата на грчкиот народ не е помалку митологизирана од која било друга. Но, како што е познато, Грците се уште не знаат дека Константинопол веќе одамна е паднат, напишал ѓаконот Андреј Кураев како заклучок на неговиот текст.