Ученици во Куманово од различни етнички заедници го одбележаа Бадник

Date:

Share post:

Празникот Бадник денеска заеднички го прославија учениците, родителите и наставниците од петте средни училишта од Куманово.

Учениците, родителите, претставниците од локалната власт и Државниот просветен инспекторат, во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ имаа можност да слушнат за значењето и суштината на Бадник и Божиќ. Заедничкото славење на големиот христијански празник се оддржува седма година во рамки на проектот „Безбедни училишта“ кој го реализира одделот за превенција од СВР Куманово, со поддршка на ОБСЕ.

– Ученици од различни етнички заедници, од различни религии заеднички ги прославуваат верските празници. Благодарност на сите кои даваат поддршка за овој проект преку кој се промовира толеранција и со кој насилствата меѓу учениците се сведоа на минимум, рече Виолета Богдановска од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Проектот се имплементира со поддршка на советот на општина Куманово во сите средни училишта. Заедничките прослави на верските празници од христијанската и муслиманската религија, како што беше истакнато, промовираат запознавање,но и негување на различностите во мултиетничка и мултирелигиска општина како што е Куманово.

– Празничната магија нека остане во нашите срца оваа година и нека не води по патот на успехот и просперитет. Бадниковата светлина нека ја поттикне хуманоста, пријателството, љубовта, посочи заменик- директорот на гимназијата, Соња Тодоровска.

Ова активност има за цел зближување на различните религии. Запознавајќи ги другите религии повеќе се почитуваме меѓусебе, велат учениците. Со посна трпеза учениците разговараа за обичаите поврзани со Бадник и Божиќ.

Присутните имаа можност да се запознаат со суштината на овој празник, за љубовта на Бог кон човекот, преку објаснувањето на свештеникот од Кумановско-осоговската епархија, Игор Здравковски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...