Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, препознатлив по политичките коментари на Фејсбук, ги прокоментира и последните резултати од локалните избори. За убедливата победа на СДСМ, г. Пимен му испрати порака на лидерот на СДСМ, порачувајќи му дека апсолутната власт е кола без кочница.
Еве што напиша отец Пимен на Фејсбук.
„Голема победа, голема одговорност. Апсолутна власт кола без кочници. Некои се возеа во неа и се сурваа во провалија. Убав пример за да се научи нешто и да не се повтори.
И ќе верувам дека лекцијата е научена, ако утре не чујам повик за предвремени парламентарни избори за зајакнување на позиција, за предвремени претседателски избори по логиката “цело е кога има сè”.
Умот во глава.“


