Курбан Бајрам, муслимански верници исто така го слават во Албанија. Молитвата на Бајрам се одржа на булеварот „Дшморт е Комбит“ во Тирана. Сепак, најважната прослава е во Лежа, каде што се здружија заедно за да го прослават овој празник и муслиманските и католичките верници. Токму за хармонијата, солидарноста и почитта меѓу себе беа изјавите на претставниците на муслиманската заедница.
„Бог не учи дека во него ниту телото ниту крвта на Курбан не стигнуваат, туку само нашата посветеност кон него. Затоа, почитувани браќа, Курбан е начин која не зближува повеќе со Бога и со делење на месото од курбанот со луѓето кои имаат потреба, ние сме поблиски до Божјата милост“, рече Скендер Бручај, претседател на Муслиманската Заедница Албанија.
Празничната атмосфера имаше и во Косово. Во Приштина, верниците ги наполнија џамии за утринската молитва на Курбан Бајрами. Заменик претседателот на исламската верска заедница на Косово, Решат Меџиди, ги замоли верниците со посебно внимание да им посветат на сиромашните и сираците.
„Дозволете ми да им го честитам на верниците од исламска вера празникот Курбан Бајрам во надеж дека празникот ќе донесе радост во нивните домови и семејства и да бидат солидарни и хуман еден со друг и особено да се грижи за сиромашните, за сирачиња и за оние кои треба да им се помогне, бидејќи празникот, исто така, треба да се слави и кај нив како таква радост“, рече Решат Меџиди, Заменик претседател на исламската верска заедница на Косово.
Празникот Курбан Бајрам исто така се славеше и во главните градови и другите градови во регионот каде што живеат муслимански верници.
/АЛСАТМ

