Груевски со семејството во Охрид за Голема Богородица

Date:

Share post:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со своето семејство за време на големиот христијански празник Голема Богородица со своето семејство беше во Охрид посетувајќи ги црквите Пресвета Богородица и Успесение на пресвета Богородица кои се двете централни цркви каде верниците од Охрид се собираат во најголем број.

-Како народ кој столетија наназад, со неизмерна почит, го слави овој голем  христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Во нашите традиционални вредности ликот и личноста на Пресвета Богородица се слика за ликот и значението на жената како мајка и столб на семејството. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за насушно потребното човекољубиво функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица, напиша Груевски во честитката за празникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...