Почетна Вера Заев меѓу струмичани и беровчани за Голема Богородица
Заев меѓу струмичани и беровчани за Голема Богородица

Заев меѓу струмичани и беровчани за Голема Богородица

227
0

,,Да бидеме добри луѓе, да си помагаме и заедно да се надеваме на подобра иднина за сите“-е пораката на премиерот Зоран Заев од прославата на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, којшто се празнуваше вчера(28.08) низ сите православни храмови во Македонија. Заев денот го мина меѓу струмичани и беровци и од двете места упати пораки кои беа поставени на неговиот ФБ профил:

,,Бев со граѓаните на чествувањето на празникот Успение на пресвета Богородица во манастирот во Берово.

Посакувам кај секој од нас да има почит за другиот, да имаме разбирање едни за други и верба дека вистината е таа што ослободува.

Нека ни е за многу години празникот и нека ни го осветлува патот кон спокоен живот, семејна и општествена благосостојба.“

,,На сите православни христијани во Република Македонија им го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица. Македонија е сѐ што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред сѐ добри луѓе.

Со вербата, грижата, добрината, меѓусебната почит, градиме општество на среќни луѓе.“

/АКО.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *