Делегација на Европската унија, предводена од регионалниот претставник за борба птотив тероризмот, Филип де Чеуник, со седиште во Сараево како и политичкиот советник во амбасадата на ЕУ во Скопје, биле на средба со поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
На средбата во седиштето на ИВЗ, претставниците на Европската Унија, со поглаварот на ИВЗ разговарале за улогата на Исламската верска заедница во Македонија во борбата против екстремизмот и тероризмот.
Поглаварот Реџепи го потенцирал проекти, што ИВЗ го има разработено за превенција од овој тип екстремизам.
Според информациите од ИВЗ, гостите од ЕУ биле задоволни од позициите на ИВЗ и изразиле подготвеност за дополнителна соработка.

