Почетна Вера Црковните ѕвона од Пантелејмон завршиле во отпад за старо железо
Црковните ѕвона од Пантелејмон завршиле во отпад за старо железо

Црковните ѕвона од Пантелејмон завршиле во отпад за старо железо

502
0

Звоната чиј звук, век и половина повикувале на молитва, свадби и погреби, полицијата ги пронајде распарчени и деградирани до степен на отпаден месинг, пишува „Нова Македонија“.

Двете црковни звона од манастирот посветен на свети Пантелејмон, во истоименото кочанско село, секое со тежина од 70 килограми, беа украдени токму пред денот на празнувањето на свети Јован Крстител.

– Во два наврати ги искршиле парчињата од црковните ѕвона и како отпаден материјал ги продале – кажа Гордана Панајотова, портпатол на СВР – Штип.

ZvonaСе уште непретопени делови од ѕвоната, биле пронајдени во самиот отпад.

– По претходно добиена наредба од надлежен суд, извршен е претрес во отпадот, каде се пронајдени делови од ѕвоната – објасни Панајотова.

Тоа биле рачно изработени ѕвона кои потекнувата од 1871 година и се поставени осум години по изгрдабата на самиот манастир.

– Ние како црква апелираме и потсетуваме дека секоја кражба од црковен, или било каков друг објект, е правење на грев – рече свештеник Димитар Арсовски.

Одговорни за кражбата во Пантелеј, се три лица од Кочани, од кои двете се одвај на 13 и 16 години, а третиот е 35-годишник со иницијали С.А. Полицијата се уште го комплетира случајот, по што на сторителите ќе им бидат поднесени и соодветни пријави.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *