Вахабисти осомничени за тероризам ја тужат БиХ

Date:

Share post:

Група вахабисти, кои босанските власти ги осомничија дека подготвувале терористички напади во Сараево за време на ланските новогодишни празници, најавија дека ќе ја тужат државата Босна и Херцеговина за „нанесени морални и метеријални штети“, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

По налог на Јавното обвинителство на БиХ, во декември 2015 година босанската полиција уапси 11 вахабисти под сомнеж дека подготвуваат терористички напади.

Јавниот обвинител на БиХ, Дубравко Чампара тогаш обвини дека осомничените се „опасни терористи, кои планирале убиство на најмалку 100 лица“.

Врз основа на ваквото обвинение, Судот на осуммина од вехабистите им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

вахабистиПо речиси една година, Јавното обвинителство се откажа од натамошен прогон на осомничените, со образложение дека „нема основа за покренување обвиненија против нив“.

Поради ова, како што наведува „Дневни аваз“, 11-мината вахабисти сега најавуваат дека ќе поднесат тужба против државата за поткопување на нивниот углед, нагласувајќи дека повеќето од нив останале без работи поради ваквите неосновани обвинувања.

Според податоците на безбедносните служби на БиХ, во земјата постојат 22 вахабиски заедници, кои го практикуваат традиционалното конзервативно исламско учење и кои одбиваат да се приклучат кон Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...