Почетна Вести Бугарската православна црква номинирана за Нобелова награда за мир
Бугарската православна црква номинирана за Нобелова награда за мир

Бугарската православна црква номинирана за Нобелова награда за мир

588
0

Бугарската православна црква е номинирана за Нобеловата награда за мир за спасувањето на 48 000 бугарски Евреи од логорите на смртта во Втората светска војна, соопштија од Светиот  Синод на Бугарската Патријаршија.

bugarska pravoslavna crkvaНоминацијата е поднесена официјално во Нобеловиот комитет на почетокот од јануари по иницијатива на поранешниот министер за здравство на Израел и пратеник Ефраим Снех, професорот по право и адвокат Моше Алони. Иницијативата е поддржана од потписите на повеќе од 200 наследници на спасените бугарски Евреи.

Интернет сајтот „Добротољубие“, пишува дека оваа номинација сама по себе е големо признание за Бугарската православна црква.

-За време на Втората светска војна поединци ризикувајќи го својот живот окажале херојството спасувајќи граѓани со еврејско потекло од сигурна смрт и прогон. Бугарската православна црква е единствената верска институција на територија под контрола на Хитлер, која отворено и официјално ја изјавувала својата позиција. Со својата решителност и доследно следење на евангелските морални идеали Бугарската православна црква на чело со егзархот Стефан и целиот Св. Синод, меѓу кои и Пловдивски митрополит Кирил (подоцна Бугарски патријарх) одигра водечка улога во спасувањето на еврејската заедница. Таа ја инспирираше бугарската јавност за отпор против примената во нашата земја на законите за дискриминација Евреите, пишува „добротиљубие“.

Инаку  ова е втора номинација за Бугарската православна црква за Нобелова награда за мир. Таа беше номинирана во 2013 година по повод 70-та годишнина од спасувањето на бугарските Евреи. Овој пат значајно е што оваа номинација доаѓа од израелска страна и има силна поддршка на бугарската заедница во Израел.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *